Арсен Дедиќ замина во легендите

Сподели со своите пријатели

Најпознатиот хрватски кантавтор, шансониер и поет, Арсен Дедиќ, почина на 78 – годишна возраст во Клиничката болница во Загреб од последици на сепса, откако на Дедиќ му беше извршена трансплантација на колк и додатно ослабен организам, откако во 2004 година му беше извршена трансплантација на црниот дроб.

Loading...

11870799_10153522114543834_6497393849278359537_n

Публиката од поранешната СФРЈ ќе го памети по незаборавните стихови и песни. Дедиќ се смета за втемелувач на шансони на овие простори.

Пред смртта, тој беше пренесен во безсвесна состојба на Клиниката во Загреб, но, и покрај сите напори на лекарите, неговата состојба стануваше се` потешка и потешка.

Првата значајна трага остава во 1969 година, кога го објавува својот прв студиски албум ”Човек како јас”, кој постигнува статус на златна плоча и продажба во 60 000 примецори.

Дедиќ во текот на својот живот се занимаваше со компонирање на филмска и театарска музика, а објави и збирка поезија од кои најпозната е ”Брод у боци”. Добитник е на многу награди и признанија, како во поранешната СФРЈ така и во Хрватска.

За Арсен Дедиќ беше објавен и документарен биографски филм ”Мојот занает”.

gabi-novak-i-arsen-dedic

Loading...

Тој беше во брак со хрватската пејачка Габи Новак со која го имаат синот Матија Дедиќ, познат џез пијанист со светско реноме.

Погребот на Арсен Дедиќ ќе биде извршен на загребските гробишта Мирогој.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.