Армијата ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Loading...

Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.   

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Времетраењето на активноста и ангажирањето на силите и капацитетите на Армијата ќе биде од 13.03.2020 до 11.04.2020 година.

Интегрално соопштение: Кабинет на Претседателот на РСМ

Leave a Reply