Армиите во Африка на готовност: Го чека ли светот уште една голема војна?

Сподели со своите пријатели

Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, Џејмс Ставридис, предупреди дека конфликтот во Нигер во време на крајниот рок за пучистите да ја предадат власта потенцијално може да доведе до „сеопфатна војна во Африка“.

Loading...

Помина рокот од една недела што коалицијата на западноафриканските држави го постави за Нигер да се врати на демократско владеење.

Барањето беше отфрлено од земјите предводени од војската на Буркина Фасо и Мали, кои заедно предупредија дека секоја интервенција ќе значи објава на војна.

Условите за голема ескалација брзо се создаваат на континентот кој беше домаќин на некои од најсмртоносните војни во минатиот век.

Некои веруваат дека таков конфликт ќе има огромни последици, не само за луѓето од регионот Сахел, туку и многу пошироко, со потенцијал да привлече сили како САД, Франција и Русија.

Ставридис праша: „Дали ова ќе доведе до целосна војна во Африка? Сигурно има потенцијал за тоа и тоа би бил значаен и катастрофален настан“.

Во петокот, началниците за одбрана на западноафриканските земји го финализираа планот за интервенција и ја повикаа војската да подготви ресурси по застојот на преговорите со воената хунта на Нигер.

„Сите елементи што би влегле во каква било евентуална интервенција се поставени и рафинирани овде, вклучувајќи го времето, потребните ресурси и како, каде и кога ќе распоредиме такви сили“, рече Абдел-Фату Мусах, комесар на Економската заедница на Западноафриканските држави (ЕКОВАС), по состанокот на шефовите за одбрана на земјите од ЕКОВАС.

Loading...

Сепак, Муса не кажа дали ЕКОВАС ќе распореди сили на крајот од рокот даден на хунтата.

Newsweek контактираше со повеќе воени експерти за коментар.

Генералот Кристофер Гвабин Муса, началникот на штабот за одбрана на Нигерија, изјави за весникот дека демократијата мора да се врати, со дипломатија или со сила.

Во неделата, експертот за безбедност и разузнавање Олусеји Адетајо за Си-Ен-Ен изјави дека „подготовките се веќе во полн ек, нема сомнеж во тоа и дека војската е на готовност“.

„Од она што го разбрав, Нигерија нема да отстапи и ќе направи се што е потребно за да го врати Нигер под цивилна управа“.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД паузираат одредени програми за странска помош.

„Обезбедувањето помош од Соединетите Американски Држави за владата на Нигер зависи од демократското владеење и почитувањето на уставниот поредок. Паузираме одредени програми за странска помош и ќе продолжиме да ја разгледуваме нашата помош како што се развива ситуацијата“, рече Блинкен, пренесува Кликс.