Арктикот би можел да остане без морскиот мраз многу порано од предвиденото

Сподели со своите пријатели

Арктикот би можел да остане без морскиот мраз десет години порано од претходните предвидувања, се вели во студијата објавена во списанието „Nature Communications“.

Loading...

Според извештаите, арктичкиот морски мраз би можел целосно да исчезне во текот на септември веќе во 2030-тите, пренесува CNN.

Она што е особено загрижувачко е ставот на експертите дека до 2050-тите Арктикот може да изгуби мраз во текот на летните месеци, дури и ако емисиите на стакленички гасови се значително намалени.

Со споредување на промените во обемот на морскиот мраз од 1979 до 2019 година, научниците открија дека падот на морскиот мраз во голема мера е резултат на загадувањето што доведува до глобално затоплување и дека претходните модели на анализа ги потцениле трендовите на топењето на мразот на Арктикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Садењето дрвја на погрешни места всушност ги влошува климатските промени

„Бевме изненадени кога сфативме дека дури и ако направиме нешто за намалување на емисиите на стакленички гасови, Арктикот ќе остане без мраз ова лето“, изјави климатологот Сеунг Ки-мин за Си-Ен-Ен.

Доколку се зголемат штетните емисии и дополнително ќе се забрза глобалното затоплување, Мин предупредува дека до 2080 година Арктикот би можел да остане без мраз до крајот на октомври.

Тој додава дека намалувањето на нивото на мразот може да поттикне екстремни настани, како што се шумски пожари, поплави и топлотни бранови, побрзо од очекуваното.