Археолошко откритие кое објаснува како се граделе пирамидите

Сподели со своите пријатели

Египетските пирамиди се архитектонско чудо и со векови е мистерија како античките Египќани ги граделе користејќи блокови со тежина од два до три тони.

Loading...

Одговорот на ова прашање би можел да го даде новото археолошко откритие кое објаснува како биле преместени барем некои од камените блокови.

Рампа стара 4500 години, за која се верува дека Египќаните ја користеле за транспорт на камени блокови од каменоломот до градилиштето, била пронајдена во каменолом на алабастер во Хатнуб, северно од градот Луксор.

Во Египет откриени 59 саркофази стари над 2.600 години (ФОТО)

Иако основниот материјал во конструкцијата на пирамидите бил варовник, алабастер бил користен за поплочување на подовите и правење статуи и ковчези.

Ова е важно откритие и прв доказ што покажува како тешките блокови биле подигнати и поместени од каменоломот, изјави генералниот секретар на Министерството за антиквитети во Египет, Мустафа Вазириј, пишува Бизнис инсајдер.

 

Loading...

 

„Мобилниот систем се состои од централна рампа опкружена со две групи скали што содржат дупки за столбовите“, објасни археологот Јанис Гурдон од Институтот Français d’Archéologie Orientale.

Покрај рампата, археолозите пронашле најмалку 100 натписи во знак на сеќавање на посетите на фараонот во каменоломите, како и камени станови за работниците.

Египет стравува од поместувањето на гробницата на Тутанкамон (ФОТО)

„Тимот пронајде четири камени плочи. Едната од плочите покажува човек како стои, а другите три имаат нејасни натписи, слабо зачувани”, објасни археологот Роланд Енмарх од Универзитетот во Ливерпул, додавајќи дека тим за реставрација работи на нив.

Сè уште не е познато како се превезувале тешки варовнички блокови долж страните на пирамидата, но системот за рампи може да содржи некои индиции што ќе дадат одговор и на тоа прашање.

Leave a Reply