Египет стравува од поместувањето на гробницата на Тутанкамон (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Плановите за преместување на мумијата на фараонот Тутанкамон од гробот во Луксор во нов музеј во главниот град Каиро, ги зголемија стравувањата дека чинот може да го активира легендарното „проклетство на фараонот“.

Loading...

Египетскиот фараон Тутанкамон бил погребан во Долината на кралевите пред околу 3.000 години, а енигмата за неговиот живот, како и неговата смрт, продолжува да ја разбранува имагинацијата на јавноста.

Тутанкамон го презел престолот кога имал само девет години, а исто толку и владеел, од 1333 до 1323 година п.н.е.

Големиот египетски музеј во Каиро, патем, треба да биде завршен до крајот на годината, а негов „скапоцен камен“ ќе биде Тутанкамон и сите негови богатства, меѓу кои е и неговата посмртна маска направена од 11 килограми злато, што важи за врв на античките мајстори.

Смртта на Тутанкамон сè уште е обвиткана во тајност. Египтолозите сè уште не сфатиле од што всушност починал.

Некои веруваат дека тој бил убиен, а други дека починал како резултат на инфекција што избувнала откако тој ја скршил ногата.

Проклетството на Тутанкамон е исто така познато, затоа што, наводно, по откривањето на гробницата во 1922 година, некои археолози кои учествувале во него умреле како резултат на болест или во „чудни несреќи“.

Имено, според легендата, Тутанкамон фрлил проклетство што ќе стигне до сите оние кои го нарушуваат неговиот мир.

Loading...

Раководителот на одделот за археологија во музејот Велики Египет, Таџеб Абас, истакнува дека Тутанхан бил навистина важна личност.

– Она што е исто така важно за фараонот е дека неговиот живот и смртта сè уште се обвиткани во мистерија. Затоа луѓето во голема мера се фасцинирани од Тутанкамон – рече Абас.

 

Leave a Reply