Апокалиптично во Њујорк: Улиците како реки, прогласена состојба на природна катастрофа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Големи поплави предизвикани од дожд кои непрекинато паѓаа во текот на ноќта во петокот ја погодија американската метропола Њујорк.

Loading...

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, објави дека е прогласена вонредна состојба во сојузната држава, која изминатава недела има претежно дождливо време.

 

 

Поради обилните врнежи од дожд, чиј интензитет се зголемуваше и во текот на ноќта, во прекин е превозот со метрото на одредени линии.

Многу од градските метро системи, улици и автопати беа поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Њујоршката управа за транспорт (MTA) објави дека услугата на метрото е крајно ограничена и дека услугите може да бидат суспендирани на некои станици.

Loading...

 

 

„Ако треба да патувате, користете јавен превоз. Избегнувајте поплавени патишта. Ако живеете во подрум, подгответе се да се преселите на повисок кат“, рече комесарот за управување со вонредни состојби во округот Њујорк, Зак Искол.

Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе продолжат до сабота. Издадено е предупредување за поплави во делови од градското подрачје на Њујорк поради обилните врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Предупредувањето за поплави ќе важи за Менхетен, Бруклин и Квинс до 12:30 часот по локално време.

 

Loading...

 

Во меѓувреме, издадено е предупредување за поплави во соседните Њу Џерси и Конектикат, каде врнежи се забележани во последните четири дена.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, ги предупреди жителите да бидат внимателни и да не возат или одат по поплавени патишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени