Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300.
Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата додека цели станбени области беа срамнети со земја. .
Огромната спасувачка операција сѐ уште трае.
Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница.
Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето се случи уште еден со јачина од 7,5 степени исто така на југоистокот на Турција.
Рагип Сојлу, шеф на турското биро за Middle East Eye, објави видео од урнат и целосно уништен пат меѓу градовите Газиантеп и Адана во Турција.
The road between Gaziantep and Adana appears to have completely collapsed #TurkeyQuake pic.twitter.com/d1P40tSBdd
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 7, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.