Катастрофалниот земјотрес што ја погоди турско-сириската граница рано утрото во понеделникот, на 6 февруари годинава, остави пустош и уништување не само во градовите, каде што сѐ уште се вадат бетонски остатоци од под купиштата урнатини, туку и во самата природа.
Претходните денови фокусот на медиумите беше исклучиво на спасувањето и катаклизмата во самите градови, а сега се појави и видео од природата на самата турско-сириска граница.
За магнитудата, односно за јачината на земјотресот говори и снимката од самата граница, односно турската страна.
На видеата се гледаат огромни пукнатини во земјата, срушени суви речни корита кои се претворија во кањони, паднати карпи и пукнатини длабоки неколку десетици метри.
Таму каде што имало маслинови градини и зелена трева, сега има само големи долини со купишта камења и срушена земја.
As a result of the strongest earthquake to strike the Turkish-Syrian border, a fault emerged in the Turkish province of Hatay. pic.twitter.com/0zuv3zB1Xb
— 301 Military (@301military) February 11, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.