АПМ: Разочарани сме од неспособноста на четирите партии

Сподели со своите пријатели

Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) е разочарана од, како што вели, неспоспособноста на лидерите на четирите партии да ја решат политичката криза и непочитувањето на спроведувањето на Договорот од Пржино, а потпишано од лидерите, се вели во партиското соопштение.

– За АПМ, спроведување на фер и демократски избори е можно само преку пречистување на Избирачкиот список, уредување на медиумската сфера и почитувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори. Откако ќе се решат овие проблеми ќе можи да се договори терминот за вонредни паралемтарни избори. АПМ е сé повеќе убедена дека за спроведување на целосни фер и демократски избори за техничката влада треба да се постави меѓународен политички борд и технички премиер од редот на странски искусни политичари – се наведува во соопштението на АПМ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.