АПМ: На Македонија и треба странски искусен политичар како технички премиер

Сподели со своите пријатели

Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) е крајно загрижена со развојот на решението на политичката криза и непочитувањето на договорот од  Пржино, од страна на четирите партии што истиот го потпишаа, се вели во писменот соопштение на партијата.

Како што велат од АПМ, уште еднаш се покажа дека овој политички естаблишмент што во моментот ја претставувааат позицијата и опозицијата во Република Македонија, немаат капацитет ниту едно прашање или проблем да можат да го решат без при тоа значително не помогнат претставниците на меѓународната заедница.

 Имајќи го тоа во предвид, а и потребата од раководење со политичкиот живот и прашања според евро-атланските стандарди, АПМ предлага по оставката на Груевски како техничка влада да биде формиран меѓународен политички борд и технички премиер од редот на странските искусни политичари, што според нив би овозможило спроведување демократски и фер избори.

„Задача на меѓународниот политички борд ќе биде целосната имплементација на Пржинскиот договор како предуслов за кредибилни избори напролет! Искуството од соседството, на пример во Бугарија со меѓународниот валутен борд, што ја извлече земјата од финансискиот колапс, покажува дека такви храбри чекори можат да бидат конструктивни и успешни за една земја. Денес, Република Македонија е пред политички колапс, од што зависи и евро-атланската перспектива на земјата. Со оглед на тоа дека кај граѓаните и политичките субјекти, постои консензус дека Македонија треба да се движи кон евро-атланските интеграции, превземањето на раководењето на техничката влада од страна на меѓународен политички борд би бил силен импулс и поддршка за европскиот и демократски развој на Република Македонија“, стои во соопштението од АПМ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.