АПМ ја поздравува работата на СЈО и почетокот на судските процеси

Сподели со своите пријатели

Алијансата за Позитивна Македонија ја поздравува работата на Специјалното јавно обвинителство и започнувањето на постапката за гонење на лицата што учествувале во криминални дејствија поврзани со објавените прислушковани разговори, се вели во партиското соопштение на АПМ.

Сузбивањето на криминалот и корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството се едни од главните приоритети кои што треба да профункционираат за да може Република Македонија на се врати кон демократскиот развој и евро-атланските перспективи. Токму поради тоа потребен е силен импулс да се врати довербата во правдата и правната држава. Тоа подразбира да сторителите на кривични дела да бидат соодветно и законски санкционирани, но во исто време да се почитува и пресумцијата на невиност се додека не се докаже вината или невиноста, со конечно судско решение, посочува АПМ во партиското соопштение за јавноста.