Апликацијата Skype падна – сериозни проблеми во работата на програмата

Сподели со своите пријатели

Популарната алатка за комуникација Skype денеска едноставно престана да работи. Станува збор за глобален проблем, но од компанијата само кратко соопштуваат дека се свесни за проблемот и работат на негово решавање.

Loading...

Корисниците не можат да го променат својот статус, сите корисници се прикажани како офлајн и не можат да се остварат повици преку програмата. Сепак, од компанијата напоменуваат дека инстант пораките и натаму можат да се разменуваат.

skajp

Додаваат и дека Skype for Web, односно Skype на пребарувачите и натаму функционира.