Апликацијата МојДДВ достапна и на Apple Store

Сподели со своите пријатели

Апликацијата МојДДВ од денеска е достапна и за корисниците на IOS системите. Апликацијата можете да ја преземете и од Аpp store како и од следниот ЛИНК, информираат од Управата за јавни приходи.

Loading...

– Доколку не сте регистрирани на системот е-Персонален данок регистрирајте се. Вашата е-пошта и лозинка ќе ги користите како најава во апликацијата Мој ДДВ. Преземете ја апликацијата и скенирајте фискални сметки и остварете го правото на 15% поврат од пресметаниот ДДВ, стои во соопштението од УЈП.

Од 1 јули апликацијата веќе е достапна за корисниците на Android телефоните.

На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП ќе им овозможи на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.

Leave a Reply