Апликација на социјалната мрежа ја користи вашата камера и кога не фотографирате

Сподели со своите пријатели

Една од функциите на оперативниот систем iOS 14 е увид во активностите на апликациите и податоците што ги користат.

Loading...

На пример, некои корисници забележале зелен симбол кој означува дека камерата е вклучена додека прелистуваат на Инстаграм, дури и кога не фотографираат или снимаат видеа.

Портпаролот на Инстаграм изјави дека станува збор за „грешка“ и дека ќе стори сé што е можно побрзо да се отстрани.

Како што вели, во апликацијата постои посебен „Create mode“, кој се активира преку камерата, така што индикаторот на камерата би можел да го активира и истиот. Исто така, пристапот до ова можел да се случи за време на едноставното прелистување на feed-от.

 

 

„Ние пристапуваме до камерата само кога имаме дозвола – на пример, кога сте во feed и повлечете за да ја вклучите камерата. Видовме дека станува збор за грешка во iOS 14, каде што е откриена активност на фотоапаратот и таа е исклучена. Ние не пристапуваме до вашите камери и не снимаме ништо“, рече портпаролот на Инстаграм.

Loading...

Се чини дека ова е уште една агресивна мерка со која iOS 14 сака да застане на начин на рушење на приватноста и заштита на корисниците.

Покрај тоа што открива кога некоја апликација ја користи камерата, предвидува и увид во некои други активности на апликација, како што е прегледување на „clipboard“ (виртуелното место каде што се наоѓа текстот за време на активноста copy-paste), каде неодамна беше „фатен“ и TikTok.

Leave a Reply