„АП“: Трамп ја освои Пенсилванија, но му недостигаат уште три електорски гласови за конечна победа

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, освои гласови во Пенсилванија, држава со 19 електорски гласови, но за официјална победа на изборите треба да освои уште три електорски гласа.

Loading...

Со победата во Пенсилванија, тој доби 267 од потребните 270 гласови потребни за влез во Белата куќа, пишува АП.

Според извештаите, победа во Алјаска или во една од државите – Мичиген, Висконсин, Аризона или Невада – би го вратила поранешниот претседател назад во Овалната соба.

Трамп води во Мичиген и Висконсин, каде неговиот пат до победата зависи од тоа што демократската кандидатка Камала Харис не освои доволно гласови во окрузите Вејн и Милвоки.

Пенсилванија, дел од некогаш сигурното упориште на демократите, познато како „синиот ѕид“, заедно со Мичиген и Висконсин, беше освоена од Трамп кога првпат ја освои Белата куќа во 2016 година, а потоа им се врати на демократите во 2020 година.

Трамп, исто така, ја преврте Џорџија, која гласаше за демократска пред четири години, и ја задржа жестоко оспоруваната држава Северна Каролина.

Републиканскиот кандидат победи и на Флорида, поранешно демократско „бојно поле“ кое во голема мера се префрли на републиканците, а забележа и победи во сигурни републикански држави како Тексас, Јужна Каролина и Индијана.

Доколку победи на изборите, Трамп ќе стане најстариот претседател некогаш избран со оглед на тоа што има 78 години, а воедно и прв поразен претседател по 132 години кој освои уште еден мандат во Белата куќа и првиот човек осуден за кривично дело што ја презеде Овалната соба, пренесува Танјуг.

Loading...