Според податоците на АП, 360 луѓе загинале во земјотресот што силно ги погоди Турција и Сирија, а се стравува дека бројот ќе расте.
Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, јави сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на претставник на Министерството за здравство.
Најмалку 18 последователни потреси со јачина поголема од 4 се регистрирани по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS). УСГС објави дека регистрирала седум земјотреси над 5 степени.
Најсилниот последователен потрес до сега се случил само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS.
Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат и во наредните часови, па дури и денови.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.