Антиќ и Димитриевски го отворија новото 3х3 игралиште во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Новото 3х3 кошаркарско игралиште во Куманово официјално денеска попладне беше пуштено во употреба од страна на градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ.

Loading...

 

 

Игралиштето е заеднички проект на општината и Агенцијата за млади и спорт, а идејата се родила спонтано меѓу градоначалникот Димитриевски и тогашниот директор на Агенцијата, а сегашен пратеник Дарко Каевски.

– Направивме муабет и тој вели кај вас кошаркарта почна слабо да оди, велам се спремаме ние, ни недостасуваат терени, помогнете ни нешто и еве денеска резултат е овој терен, а оваа и следната година ќе направиме уште шест вакви. Куманово има доста инвестирано во спортската инфрастуктура, денеска ни стигнаа 100 нови обрачи и ќе се обидеме таму каде што се развива кошарката, а тоа е маалската кошарка да ги смениме сите тие стари табли и таму каде нема, да наместиме за да вие млади се занимавате со спорт, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Тој на Кошаркарскиот клуб Куманово му упати интересна порака.

– Да се обидете да ги стигнете резултати на Женскиот ракометен клуб таму ги гледам, бидејќи тие лани го донесоа пехарот кај мене во канцеларија и ден денеска стои, а ќе чекам да стигне и пехарот од кошарката, рече Димитриевски, кој од КК Куманово доби дрес, а на иницијатива на публиката шутираше и тројки.

 

 

Турнирот, го отвори и претседателот на федерацијата Перо Антиќ, кој на присутните им откри дека потекнува од Куманово.

– Да се развива спорт, требаат игралишта. Секоја чест на градоначалникот за оваа игралиште, без маалски баскет не може да се стигне до професионализам, така да секоја чест за ова, се надевам на уште многу и да се создадат репрезентативци и на овој терен, изјави Антиќ.

Loading...

 

 

Поранешниот претседател на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, го истакна проектот 30х3 кој се спроведува во моментот и ќе донесе 90 игралишта до крајот на следната година во државата.

– Се надевам дека ова нема да биде единствено во Куманово, туку напротив ќе има уште едно-две кои ќе бидат донирани од страна на Агенцијата за млади и спорт и секако градоначалникот ќе се заложи пута три тоа да го направи и да даде една сериозна симболика на 3х3. Овие игралишта се во насока да го развијат маалскиот спорт, да ги натераат и стимулираат најмладите да излезат на терените, да спортуваат и практикуваат здрав начин на живот, изјави Каевски.

 

 

Loading...

Со отворањето на игралиштето денеска има целодневни натпревари, кои ги организира Кошаркарскиот клуб Куманово. Како што истакна претседателот на клубот, Александар Крстевски, на турнирот денеска учествуваа неколку екипи и надвор од Куманово.

– За прв пат имаме и деца со посебни потреби кои учествуваа на турнирот и неколку женски екипи. Гледаме да ги тргнеме младите од некои девијантни појави, компјутери, сакаме да се вратат на спортот, не само на кошарката, туку и на сите спортови. Првичната идеја беше на градоначалникот Максим Димитриевски, а ние како клуб го имплементиравме турнирот на дело, изјави Крстевски.

 

 

На турнирот, како што истакна спортскиот директор на КК Куманово, Дарко Спејко, доделени се неколку награди, меѓу кои за најдобар забивач, шутер на тројки, како и награди за најдобри екипи во машка и женска конкуренција во 3х3 кошаркарските натпревари кои се одржуваат цел ден.

Loading...

– Се трудиме децата, идните таленти да ги вратиме во салите, почнува уписот на нови таленти во КК Куманово, се надевам турнирот ќе ја крене свеста кај граѓаните да се посветат повеќе на спорт и како што гледате има доста присутни спортски ентузијасти, изјави Спејко.

 

 

Игралиштето е лоцирано веднаш до спортската сала и Градскиот базен во Куманово и ќе можат да го користат сите љубители на кошарката во градот.

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply