Анри за Нејмар: Смени го спортот и ќе излезеш од сенката на Меси

Сподели со своите пријатели

Легендата на францускиот фудбал Тиери Анри му даде вреден совет на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, за кого се тврди дека ја напуштил Барселона минатото лето, за да излезе од сенката на Лионел Меси.

Анри, кој одлично ги познава квалитетите на Меси откако три години помина на стадионот „Камп Ноу“, не гледа како Бразилецот ќе успее да стане подобар од петкратниот добитник на „Златната топка“.

– Не знам дали Нејмар ја напуштил Барселона со цел да излезе од сенката на Меси. Вистината е дека сите фудбалери на овој свет се во сенката на Лео. И ако Нејмар не сака да биде во неговата сенка, ќе мора да го смени спортот, изјави поранешниот снајперист на Јуве, Арсенал и Барселона.

Синоќа Меси конечно успеа да постигне гол против Челзи во деветтиот обид, а нерешениот резултат 1:1 во Лондон дава одлични шанси на каталонците да се квалификуваат во четвртфиналето на ЛШ./МИА

Leave a Reply