„Анонимуси“ ги собориле веб-страниците на Вучиќ и Војската на Србија

Сподели со своите пријатели

Неформалната меѓународна хакерска група „Анонимуси“ денеска испрати нови пораки до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кои се наведува дека „ќе го натераат да плати висока цена“.

Loading...

Тие на еден од нивните профили на Твитер (@parrattarna) тврдат дека во текот на ноќта ја собориле веб-страницата на Војската на Србија, а утринава и веб-страницата vucic.rs, но и двете веб-страници моментално работат.

„Фашисту Александар, не губи време со твоите кучиња. Твојата војска сега не може да лае. Не ги потценувај Анонимусите, ќе ти ставиме поводник“, напишале на профилот.

 

 

Таа порака доаѓа по објавата на Инстаграм на претседателот на Србија, кој објави слика од него како си игра со кучиња и напиша:

„Се подготвуваме да се бориме против Анонимусите“ по првите пораки на Анонимуси на крајот на декември 2022 година, во за кои тврдеа дека Вучиќ „предизвикува провокации на северот на Косово и се обидува да предизвика вооружен конфликт“.

Loading...

На Твитер се огласи и профилот Анонимус ТВ со украинско знаме (@youranontv), кој ја објави првата порака на крајот на декември и на кој сега стои дека се подготвени да одговорат на „предизвикот“ на Вучиќ.

„Путинова кукла Александар Вучиќ, бидејќи си подготвен да нѐ предизвикаш, ние ќе ти ја исполниме желбата. Ова е само почеток, а наскоро ќе бидете сведоци на големи изненадувања од наша страна. Очекувајте нѐ“, се наведува во соопштението.

На Твитер профилите се споделуваат нови пораки кои во нивните имиња содржат „Анонимуси“ и кои бројат од неколку десетици до неколку стотици илјади следбеници.