Анонимно лице платило 28 милиони долари за да лета во вселената со Безос: Ќе се открие ли идентитетот на ултрабогатиот човек?

Сподели со своите пријатели

Просторот во вселенскиот брод со кој милијардерот Џеф Безос ќе патува во вселената е купен за 28 милиони долари на аукција. Лицето е анонимно бидејќи не е откриен идентитетот на оној што го купил местото, но познато е дека тој е ултрабогат љубител на вселената. Трет патник ќе биде братот на Безос, Марк.

Loading...

Безос објави видео на Инстаграм со фотографии од неговото детство и напиша: „Од мојата петта година, сонував да патувам во вселената – на 20 јули, одам на тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура со мојот најдобар пријател “.

 

Вселенското летало „Блу ориџин“ треба да биде лансирано на 20 јули во Тексас, а тоа е исто така почеток на ерата на приватните летала.

Сопственикот на „Блу ориџин“ и Амазон и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, се натпреварува со другите милијардери Ричард Брансон и Илон Маск и ќе биде првиот од нив што ќе излета од атмосферата на Земјата.

„Кога ќе ја видите земјата од вселената, тоа ве менува. Го менува вашиот поглед на планетата и човештвото”, рече Безос во видео пораката пред аукцијата.

 

Loading...

 

Аукцијата траеше еден месец и на неа учествуваа 6.000 луѓе од 143 земји.

„Ова е повик за истражување, индустријализација и инвестиции во вселената“, вели Адам Џонас од Морган Стенли.
Ројтерс претходно објави дека „Блу ориџин“ планира да наплати 200.000 долари за вселенски билет.

 

 

Leave a Reply