Анкета: Максим Димитриевски е единствениот градоначалник кој е меѓу 10-те политичари во највисока доверба од граѓаните

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски е меѓу 10-те политичари со највисока доверба од страна на граѓаните.

Loading...

Според анкетата, на оваа потесна листа, Димитриевски со 1.9% е единствениот градоначалник од 10-те политичари кој ужива голема доверба од граѓаните.

Додека пак, на пошироката листа има уште двајца градоначалници.

 

 

Во пресрет на локалните избори, порталот Прорисрч, во соработка со редакцијата на Плусинфо, спроведе телефонска анкета од 2 до 9 октомври 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.006 граѓани. Граѓаните беа прашани за нивниот избор на локалните избори, како и за довербата во политичарите.