Анкара го повика норвешкиот амбасадор, барајќи да ја спречи акцијата против Куранот

Сподели со своите пријатели

Норвешкиот амбасадор во Анкара денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Турција, откако беше одобрен протест во Норвешка, што турските власти го сметаат за провокативен чин на напад на Куранот.

Loading...

Според информациите добиени од дипломатски извори, утре во Норвешка ќе биде спроведена акција против Куранот, објави турски „ТРТ“.

На амбасадорот му беше кажано дека Анкара силно го осудува пристапот на Осло да не го спречи споменатиот провокативен чин, кој, како што е наведено, очигледно е „злосторство од омраза“.

Анкара овој став го смета за неприфатлив и очекува протестот да биде спречен.