Анастасија – жената со најголеми образи во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дека можете да најдете сè на интернет, сведочи примерот на девојка од Украина, која ја носи титулата личност со најголеми образи на светот, но сепак смета дека тие не се доволно големи.

Loading...

Имено, Анастасија Покречук (30) само пред четири години вбризгала филери во нејзините јагодици, но нејзината опсесија со образите само пораснала од тогаш.

 

https://www.instagram.com/p/CGNHTYdH7rY/

 

Најлошо од сè – не планира да запре.

Таа тврди дека е заљубена во својот одраз во огледалото и се смета себеси за убава, а мислењата се поделени. За некои таа е идол, а други се згрозени од нејзиниот изглед и честопати и оставаат разни коментари. Некои позитивни, некои негативни.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CFuVzGQnjpy/

 

Сепак, Анастасија не гледа на тоа, туку ужива во својата популарност.

Но, образите не се единствената работа со филери на нејзиното лице. Таа исто така го намалила обликот на усните, како и нивниот волумен, челото редовно се полни со ботокс, а вилицата и брадата исто така се преобликувани. Од неодамна има нови заби, таканаречената „холивудска насмевка“.

 

https://www.instagram.com/p/CFFi7e4H9-f/

 

Всушност, Анастасија имала толку многу процедури на лицето што престанала да ги брои.

Loading...

Таа гордо споделува фотографии на својот Инстаграм профил каде има повеќе од 22.000 следбеници и истакнува дека разбира дека образите „изгледаат чудно“.

„Ги сакам, сакам да изгледаат вака и многу сум среќна“, објасни таа под еден пост.

 

https://www.instagram.com/p/CFO2Py_nE40/

 

Сепак, и покрај тоа што живееме во време кога скоро сè е дозволено, Анастасија на кожата почувствува колку некои луѓе можат да бидат сурови.

Од смртни закани до коментари „дека треба да се убие“, „дека е грда“, „кој би сакал или ќе се ожени со неа таква“ и слично, на оваа необична девојка и требало време да се зацврсти и да ја прифати лошата страна на „славата“. Сега сето тоа го прифаќа со насмевка, како што вели.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/CEyzgnMnOGC/

 

Сепак, иако ги игнорира коментарите на злонамерните луѓе, таа исто така ги игнорирала предупредувањата на лекарите и специјалистите, и покрај огромната опасност што се појавува при одење под нож (пукање на кожата, некроза и сл.).

Таа вели дека нема намера да запре и образите сè уште не се доволно големи, пренесува Mirror.

 

https://www.instagram.com/p/CD5zpKRHXUO/

Loading...

 

Во секој случај, секој избира своја естетика. На некои луѓе им се чини вакво нешто страшно, на други им се допаѓа. Но, едно е сигурно, Анастасија никогаш не остава никого рамнодушен.

 

https://www.instagram.com/p/CGF-d5oHcQw/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply