Анализа: Колку и што се превезува со железничкиот сообраќај?

Сподели со своите пријатели

Во 2023 година биле превезени 817 илјади тони различни стоки преку македонската железница, а тоа е речиси двојно помалку од пред 5 години, кога биле превезени 1.679.000 тони, покажува извештајот на Агенцијата за железничкиот сообраќај, кој треба да го разгледаат пратениците во Собранието.

Loading...

Порталот Пари ги анализираше бројките од кои произлегува дека таа состојба се пресликува и во поминатите километри на товарните вагони. Во 2018 година биле остварени 589.000 возни километри во товарниот сообраќај, а во 2023 година биле остварени 271.000.

Колку се користи товарниот сообраќај? 

 

ШТО СЕ ПРЕВЕЗУВА ПРЕКУ ЖЕЛЕЗНИЦАТА?

Металната индустрија најмногу ја користи железницата. Минатата година од целиот транспорт, 42,6 насто – или 348.017 тони, биле метали или метални производи со исклучок на машини.

На второ место е опрема и материјали што се користат во транспорт на стоки и биле испорачани 294.913 тони.

На трето место е испораката на кокс и производи од рафинирање на нафта. Преку железницата лани поминале 98.398 тони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел планира да ги нападне нафтените полиња во Иран, а пазарите не се во паника. Зошто?

На четврто место по испорака преку железница е сè она што може да се смета како дел од ставката хемикалии, хемиски производи, вештачки и синтетички влакна, производи од гума и пластични маси. Годишната испорака била 41.377 тони.

Loading...

На петтото место се прехранбени и тутунски производи и пијалаци. Лани, преку железницата биле испорачани 13.201 тон.

Тоа што може да се забележи е дека сите овие 5 групи производи во 2022 година се превезувале во поголем обем од лани.

ТОП 5 групи производи превезувани преку железница во 2023 година 

 

ЛАНИ ЈА НЕМАЛО РУДАТА, „ИСЧЕЗНАЛ“ ТЕКСТИЛОТ

Од извештајот може да се види дека минатата година не се превезол ниту еден тон руда, а претходните години таа била една од посилните ставки во товарниот сообраќај. Во 2019 година биле превезени 126.559 тони, во 2020 – 61.443, во 2021 – 170.177, а во 2022 година – 57.044 тони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пристанишните работници во САД го прекинаа штрајкот по три дена

Полека се гаснел, а лани сосем запрел и превозот на текстил. Во 2019 година преку железница се превезле текстилни производи коишто тежеле 1.777 тони, а секоја година бројката се намалувала.

Претходните години Железницата заработувала и од непродажни стоки, како што се пренос на возила за поправки, мебел за селење. Во 2022 година имало превоз на 2.803 тони, а во помали износи имало и во претходните три години. Но, во 2023 година ваков промет воопшто немало.

КАКО ВЛАДАТА ГО СПАСУВА ТОВАРНИОТ ТРАНСПОРТ?

Владата сака да го спаси товарниот железнички сообраќај со измени во Законот за железнички систем, кој е влезен во Собранието и чека гласање. Според измените треба да се укине членот од законот што овозможува либерализација на товарниот сообраќај, односно дава можност освен М.Ж. Транспорт, и други домашни или странски компании да превезуваат стоки, секако, по добиeни дозволи и платен надоместок. Ваква можност се воведе на крајот од минатата година. Досега приватни компании само го испитуваа теренот, но новата влада смета дека токму поради тоа што државното транспортно железничко претпријатие има сѐ помалку работа, со либерализацијата може да пропадне целосно и вработените да останат на улица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Европската унија започна економска студена војна со Кина

‒ Со овие измени практично го спасуваме АД М.Ж. Транспорт, каде работат голем број лица, кои имаат свои семејства и треба да ги прехрануваат. Во изминативе два месеца активно работиме на тоа да земаат плати. Во координација со ЕК во рамките на Планот за раст се договоривме да се тргне обврската на Македонија за либерализацијата на железничкиот сообраќај, затоа што ако се реализира, тогаш ова претпријатие, кое и онака е во тешка финансиска ситуација, целосно ќе колабира, – рече министерот за транспорт, Александар Николоски, откако Владата даде зелено светло за законските измени.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/firmite-se-pomalku-ja-koristat-zeleznicata-za-5-godini-prepoloven-tovarniot-transport/