Анализа: 100 најголеми компании по добивка во 2023

Сподели со своите пријатели

Компаниите кои се рангирале како 100 приватни фирми со најголема добивка, минатата година направиле профит од 790,2 милиони евра.

Loading...

Анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа ги зема во предвид приватните компании, како и оние во кои државата не се јавува како доминантен сопственик, а рангирањето не вклучува банки и финансиски институции.

Првите 10 компании од листат 100 најголеми компании по добивка (освен последната), имаат направено нето-профит од над една милијарда денари (околу 16,2 милиони евра). Тука се и групацијата ЕВН Македонија, нејзината фирма ќерка ЕВН хоум, Македонски телеком (Владата има сопственост од 34,8%), „Алкалоид“ …

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел планира да ги нападне нафтените полиња во Иран, а пазарите не се во паника. Зошто?

 

Извор: БизнисМрежа

Како што може да се види од податоците, 7 од овие компании имаат раст на добивката, а „ЦМК Европа“, Рудникот САСА и ИГМ-Траде имаа пад. Притоа, импозантен е растот на добивката на ЕВН Македонија од дури 546%, со што лани достигнала профит од 28 милиони евра. ЕВН Македонија ги обединува ЕВН Хоме, ЕВН Снабдување, ЕВН Електрани и Електродистрибуција. Покрај добивката на оваа групација која се наоѓа на третото место, на шестото место е поединечната сметка на ЕВН хоме, компанија преку која со струја се снабдуваат домаќинствата и само таа лани имала добивка од 20 милиони евра, со што направила скок од 129%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Европската унија започна економска студена војна со Кина

ЦМК Европа ДООЕЛ Скопје која имала намалена добивка од 33% е компанија која се занимава со трговија на големо со метали и метални руди и долги години е на самиот врв на најпрофитните компании во државава. Основана е во 2015 година.

Loading...

Рудникот САСА е добро познат во јавноста, а според податоците лани имал значителен пад на добивката од дури 57%.

Голем пад на добивката забележала и ИГМ трејд за дури 49% поради што и се лизнала на 10-то место по профитабилност, додека во 2022 година го држеше третото, а во 2021 година второто место.

ЦЕЛАТА ЛИСТА НА 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ПОГЛЕДАЈТЕ ЈА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ

https://pari.com.mk/nad-76-milioni-evra-e-laskata-najgolema-dobivka-vo-drzavava/