Аналена Бербок: Заморот на Западот со Украина ќе биде фатален

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на состанокот на НАТО во Брисел изјави дека намалувањето на вниманието на јавноста од конфликтот во Украина ќе биде фатално.

Loading...

Првиот состанок на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи се одржа во моментот на „застој“ на линијата на фронтот, бидејќи ситуацијата на бојното поле претходно ја опиша командантот на украинската армија, генерал Валериј Залужни.

Меѓутоа, во пресрет на средбата во Брисел, шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба ја отфрли ваквата оценка на генералот Залужни.

Заморот на Западот со Украина и нејзините проблеми беше централна тема на седницата во Брисел, но според германската информативна програма „Тагешау“, министрите не понудиле конкретни решенија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

„Погледот на Украина во моментов исчезнува од очите на јавноста – тоа е фатално“, предупреди Аналена Бербок, како што објави германското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.

„Сите мора да работиме на дополнително проширување на зимскиот заштитен чадор за Украина“, додаде Бербокова, мислејќи на зајакнувањето на украинската воздушна одбрана од руските напади.

Во кусото соопштение објавено од НАТО по состанокот се наведува дека Советот „се покажа како сигурен механизам за консултации во кризни ситуации“.

Украина и членките на алијансата развиваат „патна карта за транзиција на Украина кон целосна интероперабилност со НАТО“ – односно транзиција на Украина од советско во западно оружје и воена тактика.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Западните медиуми објавија бројни поплаки од украинските војници дека обуката што ја добиваат од земјите на НАТО не е применлива за сегашниот конфликт со Русија.

„Најдобар начин да избегнете испраќање свои војници во војна е да и помогнете на друга земја да ја води сопствената војна“, рече министерот Кулеба за новинарите.

„Тоа е она што не прави многу различни од другите. Нашиот договор е многу фер. Ти ни даваш се што ни треба, се бориме“.