Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни преговори и дека врши терор.
Loading...
„Како што сега стојат работите, Путин со својот говор во петокот јасно покажа колку е подготвен за преговори“, подвлече Бербок во изјава за дневниот весник „Ное Оснабрикер Цајтунг“.
Според неа, понудата на Путин гласи: „Ви ја одземаме земјата, ги потчинуваме вашите граѓани и потоа можете да ја потпишете“.
Бербок верува дека ова е спротивно на мирот и дека претставува терор и недостаток на слобода.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.