Ана Шарановиќ најдобар стрелец на Ф4 турнирот од Купот на Македонија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ракометарката на Женскиот ракометен клуб Куманово Ана Шарановиќ е прогласена за најдобар стрелец на завршниот Фајл фор турнир во Купот на Македонија кој се одигра во Куманово.

Loading...

Младата репрезентативка на Црна Гора вели дека сега е на ред да се атакува за двојната круна, односно ЖРК Куманово да го освои и првенството.

– Сакам да им се заблагодарама на моите соиграчки, затоа што колку е ова моја награда толку е и нивна, да не беа тие јас немаше да освојам награда за најдобар стрелец. Многу сум среќна и немам зборови. Двојната круна се подразбира, ќе се потрудиме со сите сили да се бориме и за тоа, уште еднаш да го направиме Куманово среќно и благодарам на навивачите на големата поддршка, рече Шарановиќ.

Leave a Reply