АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози ,наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Струга – граничен премин Ќафасан, предупредуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Забраните за тешки товарни возила на Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Пресека и Ѓавато се укинати.

На патниот правец Кочани – Делчево се забележува зголемена појава на одрони. Особено внимание е потребно кај делот од Истибања до брана Калиманци, напоменуваат диспечерите на ЈП „Македонија пат“.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ препорачува дека поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.