АМСМ јавува за зголемена фреквенција на сообраќај во Македонија

Сподели со своите пријатели

Како што информира АМСМ, сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по суви коловози.

Loading...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.