Американско гратче случајно ја продало својата водоводна кула

Сподели со своите пријатели

Еден американски град случајно ја продал својата кула за вода во погрешна трансакција со недвижнини.

Loading...

Во април минатата година, бизнисмен купил општинска зграда под водена кула во малото гратче Бруксвил, Флорида, за 55.000 долари, со цел да ја претвори во теретана.

Меѓутоа, кога Боби Рид заминал кај повисок орган во окружната администрација за да ја пријави својата нова деловна локација, му било кажано дека ја купил целата парцела, која ја вклучува и кулата за вода, пишува Тампа Беј Тајмс.

За среќа на градот, Рид бил подготвен да ја врати градската водена кула.

Регистарот на окружната администрација покажува дека тој минатиот месец ја вратил водената кула во Бруксвил, мало гратче со 8.500 жители, 80 километри северно од Тампа.

„Не знам кој е виновен“, рече Блејк Бел, член на Градскиот совет. „Ние сме само членови на Советот и се потпираме на градскиот управител. Претпоставуваме дека тој ја прави вистинската работа“.

Менаџерот на градот Марк Катни изјави дека грешката при продажбата не е негова, туку дека тоа е последица на лошо направениот правен дел од работата на договорот, па директорот на градската служба за развој поднесе оставка.

„Ние сме само луѓе“, рече Катни, „понекогаш правиме грешки“.

Loading...

Leave a Reply