Американските власти ќе се сретнат со талибанците

Сподели со своите пријатели

Стејт департментот објави дека во текот на оваа недела во Доха американски претставници ќе се сретнат со претставници на талибанската влада во Авганистан.

Loading...

Тие ќе разговараат за економските прашања, безбедноста и правата на жените.

Стејт департментот соопшти дека американскиот специјален претставник за Авганистан Томас Вест и специјалниот претставник на САД за жени и човекови права во Авганистан Рина Амири ќе се сретнат со делегација на Талибанците во Доха на разговори.

За хуманитарната поддршка на Кабул, безбедноста, правата на жените, економската стабилизација и напорите за сузбивање на производството и трговијата со наркотици.

Заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател ја повтори загриженоста на САД за кршењето на човековите права и маргинализацијата на жените и девојчињата во Авганистан под власта на Талибанците.

Пател истакна дека разговорите во катарската престолнина не значат никакви индикации дека ќе се признае легитимитетот на талибанците, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на талибанското Министерство за надворешни работи изјави дека вршителот на должноста министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки ќе ја предводи делегацијата на разговорите во Доха.

Мутаки рече дека приоритет на Авганистан за време на разговорите е да се прекинат санкциите против Кабул, да се одмрзнат банкарските резерви на Авганистан и да се запре кршењето на воздушниот простор на земјата.

Loading...

Мутаки најави дека ќе се сретне и со катарските власти.

Пред посетата на Катар, Вест и Амири ќе отпатуваат за Казахстан, каде што ќе се сретнат со претставници од Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан за да разговараат за Авганистан, соопшти Стејт департментот.

Вест и Амири, според најавата, од 26 до 31 јули ќе ги посетат Казахстан и Катар.

Ниту една земја официјално не ја призна талибанската администрација откако тие се вратија на власт во Авганистан во 2021 година, кога странските сили, предводени од САД, се повлекоа од таа земја, потсетува Ројтерс.