Американски војник се самозапали пред амбасадата на Израел (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Американски војник се самозапалил пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест поради војната во Појасот Газа.

Loading...

Како што пренесува Тајм повикувајќи се на неофицијални извори, војникот им подлегнал на повредите.

Тајм додава дека станува збор за Арон Бушнел (25) и веста за неговата смрт ја пренесува повикувајќи се на независната новинарка Талија Џејн, која на социјалните мрежи објавила дека е во контакт со семејството и пријателите на Бушнел.

– Нема повеќе да бидам соучесник во геноцидот – рекол војникот пред да се самозапали.

Тој бил пренесен во блиската болница со повреди опасни по живот.

Воздухопловните сили на САД потврдија дека станува збор за војник на активна должност на американската армија, пишува Тајмс оф Израел.

Локалната полиција и Тајната служба го истражуваат инцидентот.

На видео кое кружи на интернет, може да се види како полицаец држи пиштол додека војникот гори, а друг офицер го гаси пожарот со апарат за гаснење пожар.

Loading...

Во декември, жена демонстрант се самозапали пред израелскиот конзулат во Атланта.

Демонстранката, која носела палестинско знаме, употребила бензин за да се самозапали, што полицијата го опиша како „чин на екстремен политички протест“.

Повреден е и чуварот на конзулатот, кој потоа се обидел да интервенира за време на инцидентот.

Шефот на полицијата Дарин Ширбаум тогаш изјави дека верува оти зградата на израелскиот конзулат е безбедна и не гледа закана.

Снимката може да ја погледнете ТУКА, но предипредуваме дека може да биде ВОЗНЕМИРУВАЧКА!