Американски оклопни возила кои учествуваат на воените вежби „Saber Guardian 2019“ во Романија заталкале на приватен имот и притоа ја прегазиле пченицата и пченката нанесувајќи штета која се уште се проценува.
Романското Министерство за одбрана потврдило дека инцидентот се случил во четврток на југоистокот на земјат и дека во него учествувале и едно оклопно пешадиско возило „хамви“, додека на Фејсбук се појавија снимки од „инвазијата“ и траги од гусеницата.
Колку тенкови имаат европските земји? Еве каде е Македонија!
Мештаните, како што наведуваат молдависки медиуми, се обидуваат да зборуваат со војниците и да ги упатат, но тие не ги послушале.
– Областа која е во прашање не беше дел од рутата договорена со локалните власти и земјоделците, додаваат властите.
Во соопштението на војската на Романија се наведува дека до проблеми дошло при неповолни временски услови.
Комисијата излегла на терен да ги утврди причините, но и да направи проценка на нанесената штета.
Фото: Принтскрин Фејсбук