Американски разузнавачи тврдат дека Кина е блиску до одлука за испорака на дронови на Русија

Сподели со своите пријатели

Американските разузнавачи сугерираат дека Пекинг размислува да и обезбеди на Москва дронови и муниција за употреба во војната во Украина, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознаени со разузнавањето.

Веројатно Пекинг сѐ уште нема донесено конечна одлука за ова, но преговорите меѓу Русија и Кина за цената и обемот на испорака се во тек, според овие извори, според американската телевизија.

Според изворите, Русија од почетокот на војната постојано барала дронови и муниција од Пекинг, а кинеското раководство во последните неколку месеци активно дебатирало дали да испрати или не таков вид помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова за Гренланд: ЕУ да се сети на своите зборови за Крим во 2014 година

Американските власти во последните недели собраа информации кои сугерираат дека Кина се движи кон одлука да испорача воена опрема на Русија, според Си-Ен-Ен.

САД и нивните сојузници почнаа јавно да предупредуваат за потенцијалната кинеска воена поддршка за Русија минатата недела, во обид да го одвратат Пекинг од таков чекор, изјавија американски официјални лица.

Според изворите, обезбедувањето дронови и муниција, најверојатно за малокалибарско оружје, како што е рачно оружје, наместо артилерија, би било значаен напредок во поддршката на Кина за Русија, која до денес е во голема мера ограничена на компании кои обезбедуваат несмртоносна воена помош, како што се шлемови, панцирни елеци или сателитски снимки, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МОСКВА: Над 31.000 луѓе учествуваа во чистење на снегот по рекордните врнежи

Германскиот магазин „Шпигел“ во четвртокот прв објави, без да наведе извори, дека Русија е во преговори со кинески производител за купување на 100 дронови, кои би биле испорачани во април.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.