Американски генерал: Британската армија повеќе не е врвна борбена сила

Сподели со своите пријатели

Високопозициониран американски генерал му рекол на британскиот министер за одбрана Бен Валас во приватен разговор дека САД повеќе не ја сметаат британската армија за супериорна борбена сила, пишува британски Sky News повикувајќи се на извори од одбранбениот сектор.

Loading...

Истите извори тврдат дека падот на борбените способности на британската војска, кој уследи по децениски кратења за заштеда на пари, мора да биде вратен што е можно поскоро поради руската инвазија на Украина.

„Заклучокот е дека британската војска не е способна да ги заштити Велика Бритнаија и нашите сојузници во следните десет години“, рече еден од изворите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Британскиот министер Риши Сунак ризикува да пропадне во улогата на „воен премиер“ доколку не преземе итни мерки во пресрет на растечката безбедносна закана од Русија на Путин, тврдат извори од одбраната.

„Останува да видиме дали оваа влада смета дека нејзина примарна должност е да ја брани државата.“

Тие итни чекори треба да вклучуваат зголемување на буџетот за одбрана за најмалку три милијарди фунти годишно, запирање на планот за дополнително намалување на бројот на воениот персонал и олеснување на правилата за набавки, што ќе ѝ овозможи на Велика Британија да започне забрзана набавка на оружје и муниција, изјавија изворите.

„Историјата ќе ги гледа како фундаментални одлуките што ги донесе воениот премиер во наредните недели, што ќе покаже дали оваа влада искрено верува дека нејзина примарна должност е да ја брани земјата или е само парола што ја повторува заради ред“, додал изворот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени