Американската морнарица сними НЛО, случајот се истражува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред неколку дена, на интернет се појави видео од наводно „НЛО“ кое се појавило во близина на брегот на Калифорнија. Видеото покажува како „НЛО“ се спушта во океанот, властите велат дека е автентично и дека потекнува од американската морнарица, веста ја потврди и американското Министерство за одбрана.

Loading...

Пентагон изјави дека снимките од предметот се снимени од еден од воените бродови на американската морнарица и дека истрагата е во тек. Видеото е објавено од познатиот американски филмски уметник Џереми Корбел.

На снимката од инфрацрвената камера се гледа како објектот лебди над океанот пред да падне во вода. Набргу откако видеото започна да кружи на социјалните мрежи, Пентагон ја потврдиле неговата автентичност.

„Можам да потврдам дека видеото е снимено од припадник на морнарицата и дека истрагата за случајот е во тек“, рече Сузан Гоф, портпарол на морнарицата.

 

 

 

Loading...

Случајот го истражува специјална група за неидентификувани воздушни феномени (УАПТФ) формирана како дел од разузнавачките структури на Пентагон. На снимката се слушаат и гласови на морнари, кои се многу изненадени од она што го гледаат, а едниот од нив му вели на другиот да го забележи местото каде што предметот паднал во океанот.

Џереми Корбел, кој освен уметност, снима и документарни филмови за НЛО, тврди дека видеото е снимено во близина на Сан Диего во 2019 година. Како што вели, снимката е направена во командниот центар на воениот брод „Омаха“.

Тој ги објавил и наводните записници од воениот состанок за тоа прашање, кои покажуваат дека обидите да се најдат остатоците од предметот во водата по падот, биле неуспешни, пренесува РТ.

Пентагон претходно соопшти дека ја откажал програмата за следење на НЛО, но минатата година, во извештајот до Сенатот, беше објавено дека работата ја продолжува друго тело, УАПТФ. Сенатот му наредил на тоа тело да ги објави своите извештаи за НЛО до јуни.

 

 


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *