Американска компанија плати откуп на хакери од 11 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Американската компанија за преработка на месо JBS USA морала да плати откуп од 11 милиони долари како одговор на сајбер нападот, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

– Оваа одлука беше многу тешка за компанијата, но и лично. Сепак, чувствувавме дека оваа одлука треба да се донесе за да се спречи каков било потенцијален ризик за нашите клиенти“, рече Андре Ногеира, извршен директор на JBS САД.

Сајбер нападот погодил сервери кои поддржуваат JBS системи во Северна Америка и Австралија.

Владата на САД го припиша нападот на групата REvil, за која се верува дека има седиште во Русија или друга источноевропска земја.

 

 

– Резултатите од прелиминарната истрага потврдуваат дека податоците за компанијата, клиенти или работници не се загрозени – се наведува во соопштението на ЈБС.

Loading...

JBS USA е дел од JBS Foods, една од најголемите светски компании за храна.

Работи во 15 земји и има клиенти во околу 100 земји.

Некои од брендовите на оваа компанија се Pilgrim’s, Great Southern и Aberdeen Black.

Leave a Reply