Американска астронаутка се врати на Земјата по година дена во вселената

Сподели со своите пријатели

Американската астронаутка Кристина Кох се врати на Земјата во четвртокот по скоро една година на Меѓународната вселенска станица (ISS), со што го сруши женскиот вселенски рекорд, објави Руската вселенска агенција (Роскосмос).

Loading...

Кристина Кох помина 328 дена во вселената и слета на космодромот во степите на Казахстан во Централна Азија во 9:12 часот.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Со неа слетаа и нејзините колеги, Лука Пармитано од Европската вселенска агенција и рускиот космонаут Александар Скварцов.

28 декември беше 289-иот ден на Кох поминат во вселената, надминувајќи го рекордот што исто така го држеше американската астронаутка (288 дена).

Инженерката Кох веќе се впиша во историјата како учесник во првата „женска“ вселенска прошетка што ја спроведе во октомври 2019 година со Џсика Меир, морски биолог.

Која е всушност разликата меѓу космонаут и астронаут?

Два дена пред да се врати на Земјата, Кристина Кох во интервју за Ен-Би-Си изјави дека најмногу ќе ѝ недостасува „микрогравитацијата“.

Loading...

„Многу е забавно да се биде на место каде што можеш да скокнеш од подот до таванот кога сакаш“, рече таа со смеа.

Кох го сруши рекордот што го имаше Пеги Витсон (59), која изврши три вселенски мисии, но забележа дека Витсон секогаш ќе остане нејзина „хероина“, нејзина „менторка“.

Арапите испратија свои астронаути во вселената, принцот пренесуваше во живо на Инстаграм

Кох сонува дека „ ќе инспирира идна генерација истражувачи“ на универзумот.

Првата жена што полета во вселената беше советскиот космонаут Валентина Терешкова.

Нејзиниот лет во 1963 година беше запишан во историјата како прва вселенска мисија што ја изврши само жена.

Луѓето без коса се најдобри кандидати за астронаути

Сепак, откако лансира експерти на Меѓународната вселенска станица, Русија испраќа само мажи во вселената со исклучок на Елена Серова во 2014 година.

Loading...

Две космонаутки денес се пратеници во Дума (долниот дом на рускиот парламент) избрани на списокот на владејачката партија Обединета Русија.

Leave a Reply