Кимберли Нелиган (33) од американската сојузна држава Мејн е уапсена под сомнение дека ја убила својата едногодишна ќеркичка така што непцата и ги мачкала со хероин за полесно да заспие!
Нелиган најмалку 15 пати во текот на два месеци и ги мачкала непцата со дрога се додека малечката не умрела на 10. ноември 2018 година.
Уапсена е дури во вторникот, речиси година дена по смртта на бебето, а кога ја извеле пред суд и кога видела дека тука се медиумите пред камерите покажала среден прст.
Kimberly Nelligan, the baby’s mother, pleaded not guilty to child endangerment and drug possession charges. https://t.co/0q1mZtMr4W
— FOX5 Las Vegas (@FOX5Vegas) September 21, 2019
Обдукцијата на бебето покажала дека таа починала од преголема доза на фенталин, лек против болки за кој експертите велат дека е 100 пати појак од морфиумот, а 50 пати од хероинот. Илегално често се меша со хероин за да го зголеми еуфоричниот ефект кај корисниците.
Нелиган негирала дека на бебето му давала хероин при првото испитување, но под упорно испрашување на детективот се скршила и признала дека го правела тоа. Дури и се бунела зошто ја напаѓаат кога тоа им го правела и на постарите деца и не им било ништо!
Нејзиниот сопруг сведочел дека видел како со нешто ги трие непцата на бебето за полесно да заспие, но на крај памет не му текнало дека тоа може да биде хероин.
They accuse a woman of killing her one-year-old daughter by rubbing heroin in her gums to fall asleep, United States
— Moises Lopez (@chapoisat) September 19, 2019
Kimberly Nelligan, 33, poisoned the baby, who was found fentanyl in the body, which is why he died. pic.twitter.com/A5yEawMjhY
Против неа може да биде покренато обвинение за кривично дело за загрозување на дете и поседување на дрога, но медиумите наведуваат дека ќе биде обвинета и за потешки дела кога истрагата ќе заврши.