Американците се враќаат на Месечината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на Доналд Трамп планира да ги врати Американците на Месечината во следните пет години, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Loading...

Во говорот во Американскиот вселенски и ракетен центар во Хантсвил, Пенс оценил дека 2028 година, кога се предвидува следното слетување на Американците на Месечината, „не е доволно добра“.

Пенс рекол дека Американците „по секоја цена“ повторно ќе слетаат на Месечината во следните пет години.

– Некои ќе речат дека е претешко, дека е премногу ризично, дека е прескапо, но исто така беше и во 1962, рекол Пенс.

Како што пренесува Ројтерс, предизвикот на Пенс го прифатиле највисоките американски претставници на вселенската агенција НАСА.

– Денес сме во вселенската трка, како што бевме и во шеесеттите години, изјавил Пенс на состанокот со Националниот совет за вселена во Хантсвил, Алабама.

НАСА претходно соопшти дека планира повторно да испрати астронаути на Месечината до 2028 година.

Leave a Reply