Американците го обвинија Хуавеј за шпионажа, кинескиот гигант го возвраќа ударот

Сподели со своите пријатели

Со недели, американските власти го обвинуваат кинескиот производител на телекомуникациска опрема, Хуавеј за користење на нивната технологија за шпионажа, а сега кинескиот гигант го возвраќа ударот.

Loading...

Кинеската компанија тврди дека американската влада ги охрабрила вработените да ги откријат тајните на компанијата. Тие рекоа дека користат судски и административни овластувања за да го поткопаат бизнисот на Хуавеј и нивните партнери, изјави најголемиот производител на паметни телефони.

Американската полиција, наводно, се обидела да ги сврти сегашните и поранешните вработени во компанијата против неа.

Според еден документ, осум вработени во Хуавеј, меѓу кои и неколку државјани на САД, биле цел на ваквите обиди, при што биле вмешани раководители од среден и висок ранг. Најновиот инцидент, наводно, се случил на 28 август, кога вработен во американската филијала го посетил ФБИ ангет и го убедувал да стане нивен информатор.

Од почетокот на годината, американската полиција се обидела да регрутира најмалку тројца вработени во седиштето на Хуавеј во САД, се наведува во документ на компанијата, која, сепак, не ги докажала тие тврдења. Тие само изјавија дека вработените пријавиле во раководството дека се обидуваат да ги регрутираат за шпионажа.

Министерството за правда на САД ја обвинува компанијата Хуавеј за кршење на ембаргото за Иран, а претседателот Трамп, според сопствените тврдења, стравува дека технологијата на Хуавеј може да и ’служи на кинеската влада за шпионажа. Нова истрага во САД беше покрената кон крајот на август поради сомнеж за кражба на технологија.

Leave a Reply