Америка уапси 10-годишно момче поради закани за пукање во училиште (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно момче, ученик во петто одделение, е уапсено на Флорида бидејќи лажно се заканувало дека ќе пука во училиште.

Loading...

Инцидентот се случи неполна недела по ужасниот масакр во училиште во Тексас, а момчето од Флорида испратило закана преку СМС.

 

Шангај се враќа во нормала: Продавниците се отвораат, а сообраќајот се нормализира

 

Шерифот веднаш реагирал и детето било уапсено, а објавена е и фотографија на која се гледа како е одведен во полиција.

Детето било обвинето за закани, а шерифот Кармине Марсено рекол дека полицијата „не се двоумела ниту една секунда“.

 

Loading...

 

– Однесувањето на овој ученик е за осуда, особено во светло на трагедијата што се случи во Увалд, Тексас. Безбедноста на нашите деца е најважна, а во нашите училишта ќе владее ред. Мојот тим не се двоумеше ниту една секунда да ја истражи оваа закана – изјави шерифот.

– Уапсен е ученик од петто одделение поради писмена закана. Сега не е време да се однесуваме како мали деликвенти. Не е забавно. Ова дете упати лажна закана, а сега се соочува со вистинските последици – наведено е на Твитер на Шерифскиот округ.