САД размислуваат за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во февруари следната година во Пекинг, јавуваат агенциите.
Американскиот претседател Џо Бајден, на маргините на средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо во Белата куќа во Вашингтон, на новинарско прашање дека тоа е „нешто за што размислуваме“, пренесува СТА.
Седумдесет и осумгодишниот Бајден не го објаснил детално дипломатскиот бојкот, а надлежните служби тоа подоцна не го коментирале.
Тоа би можело да значи дека САД нема да испраќаат свои официјални политички претставници на Игрите, спротивно на востановената практика. Ваквиот бојкот не би се однесувал на настапите на спортистите, иако тоа не го демантираше Белата куќа.
Игрите во Пекинг се закажани за 4-20 февруари следната година. Организациите за човекови права ги обвинуваат властите во Пекинг за грубо кршење на правата, особено на ујгурското муслиманско малцинство, како и за репресија во Тибет, Хонг Конг и некои други автономни региони.
Затоа се повторуваат барањата за бојкот на Игрите, кои се појавија уште пред Летните игри 2008 година, чиј домаќин беше и главниот град на Кина.
Веќе подолго време има политички тензии меѓу двете велесили, САД и Кина. Неодамна, Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа за односите меѓу двете земји на интернет и предупредија на опасност од конфликт.
Во тоа време, бојкотот на игрите сè уште не беше една од темите за САД.