Америка планира да воведе царини од 200 отсто за рускиот алуминиум

Сподели со своите пријатели

САД се подготвуваат да воведат царина од 200 отсто на алуминиумот произведен во Русија уште оваа недела за да ја притиснат Москва како што се приближува годишнината од инвазијата на Украина, пишува Блумберг.

Loading...

Сепак, останува нејасно како администрацијата на Бајден ќе воведе повисоки царини.

Одделот за трговија има овластувања за антидампинг и антисубвенциони давачки, но тие бараат истраги кои обично траат со месеци, пренесува Ројтерс.

Размислувањето за повисоки царини за рускиот алуминиум доаѓа откако цените на широко користениот индустриски метал паднаа од рекордните нивоа минатата година, помагајќи да се ублажи инфлацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Цените на алуминиумот на Лондонската берза за метали во март 2022 година достигнаа рекордно високо ниво од над 4.073 долари за тон, по руската инвазија на Украина.

САД се исто така многу помалку зависни од рускиот алуминиум отколку пред пет години.

Рускиот алуминиум сега сочинува само три отсто од американскиот увоз.

Русија е втор најголем производител на алуминиум во светот, по Кина.

Loading...

Ова не е прв пат САД да го ограничи увозот на алуминиум. Во 2018 година, Доналд Трамп воведе царина од 10 отсто на глобалниот увоз на алуминиум поради национална безбедност, со цел да го заживее американското производство.

Тие тарифи важеа за Индија, Русија, Кина, а подоцна и за ЕУ, но не и за некои други земји кои преговараа за квоти и договори за заштита со Вашингтон, вклучително и Канада, која сега обезбедува околу половина од американскиот увоз на алуминиум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Во 2021 година, администрацијата на Бајден ги укина царините за челик и алуминиум од ЕУ.

Но, американското Министерство за трговија во 2021 година ја објави одлуката за примена на антидампинг давачки за увоз на легирани алуминиумски лимови од 18 земји.