Америка не ѝ дава ракети на Украина, нема доволно ни за себе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави се загрижени дека нема да имаат доволно ракети со долг дострел за себе и затоа одлучија, меѓу другото, да не ги испраќаат во Украина.

Loading...

На неодамнешните состаноци во Пентагон, американски претставници им рекле на претставниците на Киев дека немаат „вишок“ воени тактички ракетни системи (ATACMS), соопштија четворица неименувани функционери запознаени со тие разговори, пишува бриселскиот портал „Политико“.

Префрлањето на тие ракетни системи на бојното поле во Источна Европа ќе ги намали залихите на САД и ќе и наштети на американската одбранбена подготвеност во иднина, велат официјалните лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто милијардерите Маск, Безос и Цукерберг паѓаат пред Трамп?

Додадете ја на тоа постојната загриженост на американската администрација дека Украина ќе користи проектили со дострел од 190 милји (305,77км) во напади длабоко во руската територија и ќе ги премине црвените линии, како што вели Кремљ.

Ова е причината зошто Америка нема да испорачува тактички ракетни системи во скоро време.

Главната причина зошто американската војска се двоуми да испрати проектили во Киев е тоа што сака да задржи одредено ниво на муниција во своите резерви, рекол американскиот функционер кој сакал да остане анонимен.

„Секогаш ја земаме предвид нашата подготвеност и нашите залихи додека на Украина ѝ го обезбедуваме она што ѝ е потребно на бојното поле“, рече висок претставник на американското Министерство за одбрана, додавајќи дека постојат и други начини да му се помогне на Киев „да ги погоди целите“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ ќе донесе повеќе опасности отколку можности

Локхид Мартин има произведено околу 4.000 ATACMS во различни конфигурации во последните две децении.

Loading...

Некои од овие проектили беа продадени на сојузничките земји, кои ги купија ракетите за сопствени системи за лансирање со повеќе цевки.

Околу 600 беа испалени за време на војните во Заливот и Ирак.

Иако Вашингтон има резерви за испраќање ATACMS во Украина, Киев продолжува упорно со своите барања да испрати понапредно оружје, а тие ракетни системи се на врвот на листата.

Во јануари, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видео обраќање до народот на Украина, повторно ја нагласи неопходноста од набавка на ракети со долг дострел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аналена Бербок ја критикува владата за колебливост во обезбедувањето помош за Украина

Останува да се види дали во иднина Вашингтон ќе се премисли да не испраќа ракети на украинското бојно поле, барем засега.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.