САД ќе обезбедат дополнителни две милијарди долари воена помош за Украина, најави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Саливан во четвртокот изјави за Си-Ен-Ен дека Вашингтон ќе продолжи да размислува што е неопходно и да обезбеди Украина да го има сето оружје што ѝ е потребно за да успее на бојното поле.
Саливан истакна дека Групата седум (Г7) денеска ќе објави нов пакет санкции, во кој ќе бидат опфатени земјите кои се обидуваат да ѝ надоместат на Русија за производите што и беа одбиени поради санкциите поврзани со Украина, пренесува Танјуг.
Како што одминува времето, квалитетот и капацитетот на руската економија ќе продолжат да се намалуваат, рече Саливан.
На прашањето за барањето на Украина за испорака на американски борбени авиони Ф-16, Саливан нагласи дека Ф-16 не се прашање за краткорочна борба, туку за долгорочна одбрана на Украина, објави Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.