Америка испраќа 85 милиони долари итна хуманитарна помош за Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави денеска објавија дека ќе обезбедат итна хуманитарна помош од 85 милиони долари за Турција и Сирија, по силните земјотреси што ги погодија тие земји и загинаа повеќе од 21.000 луѓе.

Loading...

Соопштението на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) дојде набргу откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, што беше нивен втор разговор во последните четири дена, потсетува Ројтерс.

„Ова ново финансирање е за поддршка на хуманитарните партнери на УСАИД да ја достават итно потребната помош до милиони луѓе во Турција и Сирија“, се вели во соопштението на УСАИД, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.