Америка ѝ дава на Украина 20 милијарди долари од запленети руски имоти

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) ѝ дадоа на Украина 20 милијарди долари запленети руски имоти.

Loading...

Економската поддршка претставува значителен дел од пакетот од 50 милијарди долари, договорен од земјите-членки на Г7, објавен во јуни.

Финансирањето на помошта преку замрзнати средства значи дека Русија мора „да ги сноси трошоците за својата нелегална војна, наместо даночните обврзници“, рече американскиот министер за финансии Џенет Јелен.

Одлуката беше донесена неколку недели пред Доналд Трамп да го замени Џозеф Бајден во Белата куќа.

Трамп во неколку наврати досега изјави дека сака брзо да ја прекине војната во Украина по преземањето на функцијата.

Новоизбраниот американски претседател ја окарактеризира финансиската поддршка за Киев како трошење на американските средства, фрлајќи сомнеж дали помошта ќе продолжи под неговата администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фицо: Украина ќе изгуби третина од територијата, ќе ја поделат како Чехословачка

Министерството за финансии на САД во вторникот објави дека префрлило 20 милијарди долари во фондот на Светската банка, од каде што ќе и бидат достапни на Украина.

Парите со кои управува Светската банка не може да се користат за воени цели.

Loading...

Администрацијата на Бајден се надеваше дека ќе одвои половина од парите за воена помош, објави Ројтерс, но за тоа ќе биде потребно одобрение од Конгресот.

Понатамошното финансирање на Украина со месеци беше предмет на спор меѓу републиканците и демократите во Претставничкиот дом, но во април беше одобрена нова транша од 61 милијарда долари за Киев.

Помошта од 20 милијарди долари ќе ѝ даде на Украина „клучна инфузија на поддршка“ бидејќи таа се брани „од неиспровоцирана агресивна војна“, рече Јелен во изјавата во вторникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: ОБСЕ ја продлабочува поделеноста во Европа

Одлуката е донесена по неколкумесечна дискусија меѓу САД и нивните сојузници, вклучително и Европската унија, за тоа како да се искористат средствата во вредност од околу 325 милијарди долари, кои беа замрзнати од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Во октомври, земјите од Г7 се согласија да ја искористат каматата генерирана од фондот – околу 3 милијарди долари годишно – за финансирање заем од 50 милијарди долари во текот на 30 години.

Се очекува исплатите да започнат до крајот на годината.

ЕУ издвои повеќе од 18 милијарди евра финансирани на ист начин.

Москва тогаш рече дека одговорот ќе биде „болен“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ќе ја назначи новинарка Кари Лејк за директор на Гласот на Америка

Според Јелен, 50 милијарди долари се наменети да се осигура дека Украина има „средства за одржување на функционирањето на службите за итни случаи, болниците и другите елементи на нејзиниот храбар отпор“.

Одлуката за нови финансиски средства од замрзнатите руски средства дојде во критичен момент за силите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се повлекоа пред руската офанзива на истокот на земјата.

Руските сили заземаат делови од источна Украина, како и во руската погранична област Курск, каде што украинските сили ненадејно извршија инвазија во август и оттогаш се водат борби.